Невремето и поројниот дожд предизвикаа поплави во Милано и проблеми во сообраќајот, јавуваат италијанските медиуми.
Поројните дождови предизвикаа излевање на реката Севесо, неколку подвозници беа поплавени и сообраќајот беше нарушен, пренесува агенцијата „Анса“.
„Кориере дела Сера“ наведува дека пожарникарите им помагале на луѓето кои биле заглавени во автомобилите во поплавената област.