Силна експлозија попладнево одекна во близина на аеродромот во италијанскиот град Болоња.
Италијанската полиција информира дека станува збор за „несреќа на автопатот во близина на аеродромот“, без да прецизира за што станува збор.
Во тек е акција на порптивпожарните служби за гаснање на пожарот што избувнал по експлозијата.
На социјалните мрежи се појавија фотографии и видео снимки на кои се гледаат како од местото на инцидентот се креваат пламени јазици и црн чад.