Нeколку лица се повредени, а други и натаму се под урнатините, по експлозија која одекна во белгискиот пристанишен град Антверпен, соопшти полицијата.
Експлозијата нанела огромна штета на три згради во округот Вилрик, јужно од центарот на градот.
Едно лице е спасено од урнатините, напиша полицијата на Твитер, додавајќи дека неколку лица се повредени, но дека има и луѓе што останале под урнатините.
Полицијата нема информации за причината за инцидентот кој се случил околу 12:20 часот по локално време.