Речиси 40 лица се повредени во бурата која синоќа го погоди рускиот град Тјумен во Сибир, од кои шестмина се хоспитализирани, изјави портпаролката на регионалните здравствени власти Александра Малигина.
– Вкупно 39 лица побарале помош поради различни повреди, здобиени во бурата…Во болница се одведени шест лица, меѓу кои и 12-годишно девојче, кое претрпело потрес на мозок – прецизираше Малигина и дополни дека една од хоспитализираните жени е во критична здравствена состојба.
За регионот на Тјумен вчера беше издадено преупредување за бура, каде во текот на ноќта дуваа ветрови со брзина од 26 метри во секунда, проследени со пороен дожд и град.