Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на префектурата Ибараки во Јапонија.
Епицентарот на земјотресот бил на 40 километри од брегот на Јапонија. Како што се наведува, не постои опасност од цунами.
Присутните во Олимпиското село во Токио, каде што се одржуваат Летните олимписки игри, бегале во паника, според првичните информации.