Светската здравствена организација СЗО соопшти дека епидемијата на ебола во Конго е прогласена за глобална здравствена закана бидејќи смртоносниот вирус неделава се проширил врз град со два милиони жители.
Одборот од експерти на СЗО одби во три претходни наврати да го предложи прогласувањето на еболата за глобална здравствена закана, иако други експерти тврдат дека за тоа уште одамна имало услови, па реакцијата е задоцнета.
Неделава првиот случај на ебола беше потврден во Гомa, голема регионална крстосница на границата помеѓу Конго и Руанда со меѓународен аеродром. Експертите со месеци стравуваа од ваков развој на настаните.
Прогласувањето на епидемијата за глобална здравствена закана ќе предизвика големо меѓународно внимание и помош.