Коронавирусот е сѐ поблиску до прагот за предизвикување пандемија, но избувнувањето на епидемии во одделни земји и натаму може да се спречи со комбинација на мерки за контрола и ублажување, соопшти денес Светската здравствена организација (СЗО).
– Сега кога е утврдено постоењето на вирусот во толку многу земји, заканата од пандемија стана многу реална – рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејсус, на прес-конференција, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Терминот пандемија, означува состојба во која од некоја болест се заразени доволно луѓе во различни делови од светот, за истата да се смета за глобална опасност.