Британскиот производител на авионски мотори Ролс Ројс денеска информираше дека проблемот со дефектните компресори поради кој компанијата Боинг мораше да повлече од употреба летала од типот 787 Дримлајнер, е откриен и кај други типови на мотори што ги произведува компанијата.
Ролс Ројс ги уверува своите акционери дека проблемот со компресорите се однесува само на мал број дополнителни мотори, но акциите на компанијата сепак паднаа за 1 процент. Веста доаѓа во време кога компанијата најави дека ќе затвори 4.000 работни места, пред се во Британија. Досега најмалку 30 Боинг летала на Бритиш Ервејз, Вирџин Атлантик и Ер Њу Зиланд мораа да бидат повлечени од употреба за да се сервисира проблемот со компресорите во нивните мотори.