Хотел во Кина кој се користел за сместување и набљудување на лица кои дошле во контакт со пациенти со коронавирус се урна денеска, при што се претпоставува дека 70 лица останале под урнатините.
Најмалку 29 лица досега се спасени, соопшти Министерството за управување со вонредни состојби, пренесува „Индипендент“.
Околу 150 пожарникари се вклучени во спасувачката акција.
– Само што вечерав и одеднаш слушнав силен тресок и мислев дека станува збор за експлозија – раскажува човек кој живеел во зградата спроти хотелот.
Хотелот е една од двете згради што се користат како карантински центар во градскиот округ Лихенг.