Најмалку седум лица загинаа при пад на хеликоптер на меѓународните мировни сили на Синајскиот Полуостров во Египет, соопштија израелски и египетски претставници.
Петмина Американци се меѓу загинатите, изјави неименуван израелски официјален претставник.
Египетски службеник, кој исто така побара да остане анонимен, изјави дека се чини оти причината за несреќата е техничка неисправност.
Станува збор за хеликоптер што им припаѓа на Мултинационалните сили и набљудувачи (МФО), кој го следи мировниот договор меѓу Израел и Египет, пренесува АП.
Канцеларијата на МФО во Израел потврди дека дошло до хеликоптерска несреќа, но се воздржала од понатамошни коментари до истрагата, додава „Ројтерс“.