Хеликоптерот на сопственикот на Лестер се урна на паркингот на стадионот „Кинг Пауер“ веднаш по натпреварот меѓу неговиот тим и Вест Хем.
Засега нема официјална потврда дали тајландскиот милијардер Вичаи Шриваданапраба се наоѓал во леталото и уште колку лица патувале со него.
Од полицијата во Лестер само кусо соопштија дека службите работат на терен без да наведуваат информации за бројот на жртвите и повредените.
На местото на инцидентот каде се урна хеликоптерот се разви голем пожар, а бидејќи несреќата се случи набргу по натпреварот на паркингот се уште беа присутни голем број навивачи.
Според еден очевидец мали се шансите некој од патниците да преживеал затоа што леталото веднаш се запалило при падот.
Властите најавија дека денеска ќе соопштат детални информации за инцидентот и за бројот на преживеани и загинати