Пилот и навигатор загинаа во несреќа на руски воен хеликоптер „ми-28“ во близина на аеродромот Кореновск во регионот Краснодар, соопшти руското Министерство за одбрана.
Командата на руските одбранбени сили испратила комисија на местото на несреќата, се наведува во соопштението, кое синоќа го пренесе аганцијата „Тасс“.
Летот на хеликоптерот бил извршен во тешки временски услови.
Министерството соопшти дека хеликоптерот не носел муниција во текот на летот.
Денеска службите успеале да ги пронајдат и снимките односно податоците за летот на хеликоптерот „ми-28“.
Комисијата и натаму ги разгледува сите верзии во врска со несреќата.