Американски борбен авион Ф-35Б се урна во Јужна Каролина неколку километри од воздухопловната база Бифорт.
Несреќата се случила околу 11:45 часот по локално време на подрачјето на Грејс Хил, а пилотот успеал да се спаси откако успешно се катапултирал.
Инцидентот се случува по само еден ден откако истиот тип на авион ја изврши првата борбена мисија во Авганистан.
Авионот Ф-35 е дизајниран од компанијата Локид Мартин како вишенаменски борбен авион кој лесно може да се адаптира на потребите на воздушните сили. Проценетите трошоци на животниот век на овие авиони се поголеми од 1,5 милијарди долари.