Се стравува дека десетици деца се мртви откако денесе се урна трикатна зграда во нигерискиот град Лагос, во која имало и училиште.
Портпаролот на националната служба за вонредни ситуации Ибрахим Фаринлој рече дека засега нема точна бројка за загинатите во инцидентот.
На најгорниот кат функционирало основно училиште, а објектот бил користен и за домување и во него имало неколку апартмани. Локалните медиуми информираат дека под урнатините на зградата се заробени голем број лица, меѓу кои и околу 100 деца.