Најмалку 18 луѓе загинаа на градилиште на зграда во Камбоџа кога се урнала челичната конструкција од седум ката. Уште најмалку 24 луѓе се повредени, а некои од работниците се заробени внатре во зградата по нејзиното уривање, изјавил градоначалникот на провинцијата, Преа Сиханук.
– Челичната конструкција се урна и не се осмелуваме да ја поместиме. Се плашиме да не се дораспадне – изјавил градоначалникот.
Тој додал дека успеале да исчистат 40 отсто од урнатините и дека сѐ уште не е познат бројот на исчезнати лица.
Спасувачки екипи го расчистуваат местото и се обидуваат да дојдат до затрупаните луѓе. Полицијата привела четворица луѓе на испитување, меѓу кои тројца претпоставени.