Помал авион, во кој биле сместени локални колумбиски претставници, вчера се урна врз куќа набргу по полетувањето, пришто загинаа седум лица.
Двомоторниот авион „ПА31“ се урнал врз куќа во градот Попајан неколку минути по полетувањето.
Според АП, девет локални претставници биле во авионот. Две лица ја преживеале несреќата.
Причината за падот на авионите засега е непозната.