Два руски воени авиона сухои „су-34“ се судрија над рускиот регион Липецк, пренесе агенцијата „ТАСС“.
Агенцијата наведува дека несреќата се случила поради пилотска грешка.
Телевизијата РЕН, пак, информира дека авионите двапати се допреле во воздух поради губење на визуелен контект.
Локални медиуми пренесоа дека пилотите успеале да ги приземјат авионте и покрај големите оштетувања, а според првичните информации во инцидентот нема повредени.
Во моментов на терен е екипа која ги испитува деталите за несреќата.