Вулканот Етна во Италија, најактивниот вулкан во Европа се разбуди и почна да исфрла вжештена лава која тече во должина од неколку стотина метри.
Информацијата, како што пренесуваат агенциите, ја потврдија вулканолозите во Италија.
Две пукнатини се отвориле на дел од кратерот околу три часот по локално време.
Директорот на националниот институт за геофизика и вулканизација, Еуренио Привитера изјави дека станува збор за нова фаза на експлозија на вулкан.
– Ова наскоро би можело да биде готово, но би можело да потрае и неколку месеци. Во моментов нема опасност за лицата кои живеат на подрачјето, но од безбедносни причини потребно е да се контролира приливот на туристи – изјави Привитера.
Засега вулканот не ги отежнува летовите кон аеродромот во Катанија.
Етна, која се издига на речиси 3.300 метри надморска височина, се наоѓа на источниот брег на Сицилија, помеѓу градовите Месина и Катанија. Ерупциите помеѓу 1991 и 1993 година го загрозија градот Заферан.