Две лица загинаа откако се преврте руски излетнички брод со 55 лица, од кои 15 биле деца, во Црното море.
Како што јави руската новинска агенција, „ТАСС“, причината за несреќата најверојатно е тоа што бродот бил преполн.
– Бродот е направен во 2008 година и тогаш беше предвидено да превезува 12 лица, вклучувајќи го и екипажот. Времетраењето на бродот изнесуваше шест години. Првиот сопственик го продаде пред осум години и пловилото беше ремонтирано, по што максималниот број луѓе кои можеше да ги собере е 20 лица – изјави дизајнерот на бродот Дмитриј Сребни.
Полицијата покрена истрага, а уапсени се сопственикот и капетанот на бродот.