Брод со десетици мигранти кои патувале кон Европа, се превртел во Средоземното Море кај Либија. Во тек е потрага по преживеани, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Агенцијата на ОН соопшти дека се спасени најмалку 38 мигранти, меѓу кои има и девет деца.
Бродот се превртел кај местото Гараболи, одалечено околу 60 километри од Триполи.
Илјадници имигранти изминатите години страдаа при обидот да ја напуштат Либија и да стигнат во Европа, додека многумина од нив се жртви и на шверц со луже и на вооружени групи.