Филипини вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер, поради што се тресеа многу згради а жителите панично бараа место да се засолнат.

Филипини вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер, поради што се тресеа многу згради а жителите панично бараа место да се засолнат.


На социјалните мрежи се појавија многу снимки од потресот. Меѓу нив има една на која може да се видат огромни количини вода како се излеваат од станбена висококатница во округот Бинондо во градот Манила.

Според локалните медиуми, водата паѓала од базен, кој се наоѓа на врвот на пентхаус висококатница. Од видео-снимката може да се види како водата се разлева на 190 метри оддалеченост.