Противпожарни аларми се активирале на Меѓународната вселенска станица кога екипажот пријавил чад и мирис на запалена пластика.
Сѐ се случило во делот од станицата познат како Ѕвезда, изграден од страна на Русите, а во тој дел има и простории за живот на астронаутите.
Оваа вселенска станица станува сѐ постара, во текот на годините доживеа серија дефекти, а руски официјален претставник неодамна предупреди за застарениот хардвер и неисправните системи.
Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави дека сите системи се вратени во нормала.
Чадот бил забележан при полнење на батериите, а мирисот на запалена пластика се проширил од рускиот во американскиот дел.
Меѓународната вселенска станица е изградена во 1998 година како дел од заеднички проект на Русија, САД, Канада и Јапонија, како и неколку европски земји.
Оригиналниот план беше да трае 15 години и станицата е дизајнирана според тие параметри.