Тензиите во појасот Газа се големи пред утрешниот планиран протест со кој ќе се означи годишнината од масовните протести на границата со Израел, на кои имаше повеќемина жртви и повредени, пишува британски „Гардијан“.
Годишнината од протестите доаѓа во време на зголемени тензии меѓу двете страни. Хамас, кој е на власт во Газа и го поддржува движењето, неодамна истрела ракети длабото во територијата на својот сосед. Израел и милитантната група честопати во изминатите години влегуваа во конфликти, особено по протестите на кои многупати имаше и човечки жртви.
Во меѓувреме, во Израел се закажани избори на 9-ти април и во земјата сè почесто се слушаат повици за одлучни дејствувања против Хамас. Исто така, постојат и барања од одредени групи за понатамошно разбивање на протестите, кои Израел ги карактеризира како насилни. Покрај палењето и горењето на гуми, Палестинците ги запалија израелските полиња со импровизирани напарави кои се лесно запаливи.
Според „Тајмс оф Израел“, исламистичката терористичка група пак е очајна за победа, за да може да го оправда своето владеење над крајбрежната територијата. За време на 11-годишното владеење на Хамас, поголемиот дел од луѓето во појасот се невработени, домовите имаат струја само неколку часата на ден и достапноста до вода за пиење е ограничена.
Лидерите на протестите, вклучувајќи ги и Хамас, ги повикаа сите жители на Газа да се приклучат на протестите во сабота. Во изјава за јавноста, тие ги предупредија учесниците да го оджат настанот мирен и без инциденти.
– Ги повикуваме нашите луѓе, особено младите, да бидат многу внимателни и претпазливи од криминалните снајперисти на нашите противници – дополнија Хамас во изјавата.
Според информациите од израелските медиуми, стотина снајперисти ќе се бидат распоредени на безбедносната мрежа, поддржани од тенкови, авиони и пешадија.
– Нашите сили ги завршија подготовките за саботните настани во јужниот региони и дополнително се подготвуваат да за зголемат својата подготовка за можни ескалации и насилство предизвикани од насилните и терористички чинови за време на протестите – рече израелската армија.
Демонстрациите кои започнаа пред една година беа со цел да се крене блокадата која зароби 2 милиони жители во енклавата и да предизвика притисок за признавање на правото за враќање на палестинските бегалци.
Поголемиот дел од жителите на Газа се бегалци и нивни потомци кои биле протерани или избегале од нивните домови и села во војните околку созадавањето на Израел во 1948 година.
Овие собири на почетокот изгледаа како фестивали, вклучувајќи традиционални танци на населението и богати семејни оброци. Камења и импровизирани бензински бомби беа фрлани од другата страна, а имаше и обиди за провивање на бодликавата жица. Со зголемувањето на жртвите, беа пријавувани и инциденти во кои демонстрантите се обидувале да префрлат различни видови на експлозивни направи на бариерата.
Уште од првиот ден, Израел го опиша движењето како „добро организиран и насилен собир“, тврдење кое истражувачите на ОН го оспорија. И покрај многуте реакции од меѓународната заедница, Израелците не ја променија политиката за користење на огнено оружје на протестот.
Според Обединетите нации (ОН), 194 Палестинци, вклучувајќи 41 дете, се убиени во минатогодишните демонстрации. Повеќе од 29 илјади луѓе се повредени, а четвртина од нив биле со прострелни рани. Во истиот период, еден израелски војник беше убиен.
В сабота, исто така, е денот на кој се одбележува комеморацијата за шесте убиени арапски демонстранти во 1976 година, кои протестираа против конфискација на имот во северен Израел. П.С.