Монако, втората најмала земја во светот, со 38,3 илјади жители е најгусто населена, но е дом на 12,26 илјади милионери.
Оваа бројка, според „Бизнис-инсајдер“, за само пет години скокна за 12 отсто, па сега секој трет жител на Монако поседува милион долари. Стапката на сиромаштија во земјата е нула, а бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител е 165,42 илјади американски долари.
Всушност, Монако е една од четирите земји во светот каде БДП по глава на жител надминува 100.000 американски долари. Листата ја предводи Лихтенштајн со 166,02 илјади долари, на второ место е Монако, по што следуваат Луксембург и Бермуди.
Од вкупното население, дури 75% од нив се новодојдени, односно постојани жители кои се родени надвор од земјата.Покрај тоа што е многу скапо, Монако е многу безбедно.Ова всушност е еден од најбезбедните градови во светот. Во него е ангажиран еден полицаец за секои стотина жители, а целиот град е покриен со постојан видеонадзор.