Седум торнада го погодија северниот дел на Италија, а големата бура донесе поплави околу градовите Милано и Торино.
Според веб-страницата Миланотудеј.ит, природните катастрофи не повредиле никого, но штетата е голема: домови, спортски објекти и магацини претрпеле големи штети.
Торнадото беше забележано во неделата во Милано, Павија, Виа Лоди, Кремона и Бреша.
– Никогаш не се случило да се регистрираат седум торнада во еден ден на овие простори, веројатно никогаш не се случиле во цела Италија. Од тој број, шест торнада минале низ Ломбардија, а седмото преку Емилија Ромања – се наведува на страницата „Торнадо во Италија“ на Фејсбук.
Покрај тоа, на северот на Италија наврнаа 220 милиметри дожд.