Седум лица загинаа, а 13 се повредени при експлозија на камион со динамит во северниот дел на Кина.
Инцидентот се случил малку по полноќ во провинцијата Шанси, а локалните власти соопштија дека се испитува причината за експлозијата.
Кинеските државни медиуми објавија дека помеѓу жртвите се возачот на камионот, магационери и припадници на обезбедувањето.
Како се наведува, вработените во магацинот го користат експлозивот за рударски и градежни работи.