Властите во Јужна Кореја соопштија дека двата проектила кои беа лансирани од страна на Северна Кореја се нов тип на проектили со краток дострел и претставуваат воена закана, која може да го поткопа мировниот процес на Корејскиот Полуостров.
Пјонгјанг во четвртокот истрела две ракети во правец на Јапонското Море, првиот проектил леташе околу 430 километри, додека вториот околу 690 километри, објави Си-ен-ен.
Министерство за одбрана на Јужна Кореја изјави дека лансирањето на проектилите го оценува како воена закана и акција која ги поткопува напорите за намалување на тензиите помеѓу Јужна и Северна Кореја.