Северна Кореја денеска повторно испука ракети кон морето, соопшти јужнокерејскиот генералштаб, ден откако Пјонгјанг објави дека во сабота ќе ги продолжи нуклеарните преговори со САД.
– Северна Кореја изутринава испука неидентификувани проектили од Вонсон кон Јапонското Море – наведе јужнокорејската војска.
Портпаролот на јапонската влада рече дека една од ракетите паднала во економската зона на Јапонија. Пјонгјанг вчера соопшти дека во сабота ќе бидат одржани нови разговори со САД, осум месеци по неуспешниот самит на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп во Ханој. Тоа го потврди и портпаролот на Стејт департментот.