Северна Кореја ослободи руски рибарски брод кој беше задржан поради обвинение дека ги прекршил прописите за влез во земјата, информираше руската амбасада во Пјонгјанг, за инцидентот кој предизвика руско предупредување дека ќе бидат замрзнати преговрите за соработка во риболовот.
Северна Кореја на 17 јули зароби 15 руски и двајца јужнокорејски членови на екипажот од рибарскиот брод, поради наводно кршење на правилата за влез во земјата, соопшти руската амбасада. Русија порача дека бродот не прекршил ниту еден закон. Ослободени се и двајцата Јужнокорејци.
Јужнокорејското министерство за обединување, кое се занимава со односите со Северна Кореја, не дало коментар за инцидентот.