Сириските демократски сили (СДФ) денеска спречија самоубиствени бомбашки напади на група џихадисти за време на битката за Багуз, последната енклава на Исламска држава во Сирија.
Портпаролот на СДФ, Мустафа Бали изјави дека сириските сили во текот на ноќта го бомбардираа Багуз, пред директниот судир со исламистите, што се случи пред зората.
Околу 3.000 вчера го напуштија Багуз, последната енклава на ИД во источна Сирија и се предадоа на СДФ.
СДФ повеќе недели го држеше Багуз под опсада, но повеќепати беше пролонгиран конечниот напад со цел да се овозможи евакуација на илјадниците цивили, од кои голем број се жени и деца борци на ИД.
Од „калифатот“ прогласен од ИД во 2014 година, на територија на Сирија и на Ирак, сега останува само мал сектор околу селото Багуз, во близина на границата со Ирак. Преземањето на таа енклава ќе стави крај на „калифатот“ и тоа ќе биде од големо значење за СДФ.