Повеќе од 100 држави на конференцијата на Обединетите нации во Глазгов изразиле поддршка за да се стави крај на уништувањето на светските шуми, што научниците го сметаат за еден од водечките фактори за климатските промени, соопшти британската влада.
Лидерите што ги преставуваат државите со повеќе од 85 отсто од светските шуми се обврзале за прекин на дефорестацијата до 2030 година.
Бразил, Кина, Русија, САД Колумбија, Конго и Индонезија, се меѓу земјите што изразија поддршка за планот за чие спроведување се ветени повеќе од 1,9 милијарди долари во јавни и приватни фондови.