Светската здравствена организација (СЗО), поради коронавирусот, денеска прогласи глобална здравствена криза.
СЗО ја дефинира глобалната здравствена криза како вонреден настан што претставува ризик за повеќе земји и бара координиран меѓународен одговор.
– Не можеме да го претпоставиме нивото на штета кое овој вирус може да го предизвика доколку се прошири во земја со послаб здравствен систем – се вели во соопштението на СЗО.
Кина ги пријави првите случаи на инфекција со коронавирус на крајот на декември минатата година. До денеска во земјата официјално се потврдени повеќе од 8.000 случаи. Починаа 171 лице.
Денеска, и официјално беше потврдено дека смртоносниот вирус е распространет во сите 34 главни региони на најнаселената земја во светот.