Саудискиот принц Мохамед Бин Сaлман изјави дека според него убиениот новинар Џамал Кашоги бил опасен исламист.

Во телефонски разговор со зетот на претседателот на САД, Џаред Кушнер и советникот за национална безбедност Џон Болтон, принцот изјавил дека Кашоги бил член на „Муслиманско братство“. Овој разговор бил воден на 9 октомври, седум дена откако исчезна новинарот, пишува „Вашингтон пост“. Саудиска Арабија ги негираше извештаите на „Вашингон пост“ и „Њујрок тајмс“ за овој разговор.

Семејството на Кашоги негираше дека тој бил член на „Муслиманско братство“.

– Џамал Кашоги не беше опасна личност на кој и да е начин. Да се тврди поинаку е лудост – се наведува во изјавата на неговото семејство.