Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман речиси еден месец не се појавил во јавност, поради што дел од иранските медиуми шпекулираат дека принцот најверојатно бил убиен за време на наводниот обид за државен удар што се случи во април.
Иранскиот весник „Кејхан“ повикувајќи се на извештај на тајните служби, испратен до високи претставници на неименувана арапска држава, се наведува дека Бин Салман е застрелан со два куршуми за време на нападот врз неговата палата на 21 април.
– Тој најверојатно е мртов, бидејќи оттогаш не се појавил во јавност- пишува „Кејхан“.
На 21 април се слушнаа рафална стрелба и детонации на територијата на кралскиот дворец. Според официјалната верзија, обезбедувањето пукало врз дрон играчка. Меѓутоа, сепак признаа дека кралот Салман и принцот престолонаследник се евакуирани во воен бункер.
На снимките објавени на социјалните мрежи се стекнува впечаток дека голем број луѓе пукале врз дронот и тоа со цел арсенал пешадиско оружје. Силни детонации се слушале повеќе од еден час, што предизвикало сомнеж во официјалната верзија.
Принцот Мухамед ја водеше надворешната политика на Саудиска Арабија, но откако не се појавува во јавност странските гости ги прима болниот крал Салман.
Престолонаследникот не се појави ниту за време на посетата на Ријад на новиот американски државен секретар Мајк Помпео на 27 април. Тој беше пречекан од кралот Салман.