Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, изјави дека е подготвен да побара правда од Европскиот суд за човекови права, како и дека ќе ја докаже својата невиност. Ова е прва реакција на Саркози во јавноста откако беше осуден за корупција.
– Се жалев на пресудата, можеби дури и ќе треба да го изнесам ова прашање пред Европскиот суд за човекови права – изјави Саркози за весникот „Фигаро”.
Тој рече дека ќе му биде болно да ја тужи сопствената држава.
– Но, јас сум подготвен на тоа, бидејќи тоа ќе биде цената на демократијата – рече Саркози, додавајќи дека нема да се кандидира за претседател во 2022 година, но ќе поддржи некој кандидат во догледно време