Поранешниот француски претседател Никола Саркози изјави денеска дека многу луѓе изразуваат скептицизам во врска со пресудата што му е изречена за незаконско финансирање на кампањата за реизбор во 2012 година.
Саркози (66) своите први јавни коментари за осудата, вторa оваа година, ги даде за време на настан во книжарницата „Ламартин“ во Париз, каде што ја потпиша својата нова книга „Шеталишта“, која се фокусира на неговото книжевно и културно влијание, објави „Ројтерс“.
Стотици луѓе се собраа во книжарницата да го поздрават поранешниот лидер и покрај пресудата, што Саркози го оцени како многу трогателно и многу охрабрувачки, во поглед на состојбата на моралот во земјата.
„Не можете да ги измамите луѓето“, рече тој.
Саркози, кој и понатаму е влијателен во конзервативните кругови, беше осуден на 30 септември на една година затвор, но најверојатно нема да оди во затвор.
Тој негираше дека го сторил делото и вети дека ќе поднесе жалба на пресудата.
Судијата рече дека Саркози може да ја отслужи казната дома со електронски уред.