Најмалку 41 човек загина денеска во самоубиствен напад врз шиитска џамија во Кандахар во јужен Авганистан, некогаш големо упориште на талибанците.
Очевидци рекле дека неколку експлозии ја погодиле најголемата џамија во Кандахар, вториот по големина град во земјата, за време на големата петочна молитва.
– Се подготвувавме за молитва кога слушнавме истрели. Две лица провалија во џамијата и пукаа во чуварите кои возвратија. Еден од нив се разнесе во џамијата, а потоа и другите двајца – изјави Сајед Рохулах, обезбедување во џамијата.
Претходно денеска, портпаролот на централната болница во Кандахар изјави дека повеќе од 50 луѓе повредени во експлозијата се донесени во болницата.
Слична експлозија се случи пред една недела во напад врз џамија во Кундуз на северот од земјата кога загинаа најмалку 60 луѓе, за што одговорноста ја презеде терористичката организација Исламска држава (ИД).
Локален талибански претставник потврди за АФП дека станува збор за самоубиствен напад и дека е започната истрага.