Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во Сенатот се прогласи за преоден претседател на Боливија и покрај немањето кворум за нејзин избор, откако сенаторите на левичарската партија на поранешниот претседател Ево Моралес одлучија да го бојкотираа гласањето.
Моралес вчераутро замина за Мексико кадешто му беше одобрен азил. Тој претходно даде оставка под притисок на антивладините протести заради обвинувањата за измама на претседателските избори од 20 октомври.