Се надевам дека на изборите за Европскиот парламент во мај, Французите „нема да ја изберат“ партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, изјави денеска италијанскиот вице-премиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини, предизвилувајќи со тоа нови тензии во односите меѓу Париз и Рим.
– Макрон можеби повеќе нема да биде наш соговорник, изјави Салвини во интервју за РАИ.
Тој посочи дека според анектите на јавното мислење поддршката на францускиот претседател „е под 20 проценти“.
– Се надевам дека Французите ќе донесат поинаква одлука, додаде Салвини, алудирајќи на можноста партијата Републиката во движење (РЕМ) на Макрон да претрпи пораз на европските избори во Франција.
Односите меѓу Франција и Италија се влошија минатата година по формирањето на новата италијанска Влада на антиинституционалното Движење Пет ѕвезди (М5С) и десничарската партија Лига на Салвини, кој е жесток критичар на проевропската политика на Макрон.