Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини се закани дека ќе врати 177 мигранти во Либија.
Салвини инсистира дека „единствено решение“ е бродот да доплови до островот Лампедуза, што се наоѓа помеѓу Малта и Тунис.
Бродот е во близина на Лампедуза од 16 август, а Италија побара од Малта да ги прифати мигрантите, но одбија властите во Валета.
Малтешките власти тврдат дека одбиле да помогнат бидејќи мигрантите не се во сериозна ситуација. А, исто така дека имигрантите одбиле помош и се изјасниле дека сакаат да продолжат кон брегот на Италија.