Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Либија, Гасан Саламе изјави денеска дека е одлучен Либиската национална конференција да се одржи во предвидениот термин и покрај борбите кои продолжуваат во оваа северноафриканска држава.
Обединетите нации планираат од 14 до 16 април во градот Гадамеш да ја одржат Конференцијата за национално помирување во Либија, на која ќе се расправа за изборите како начин за решавање на осумгодишниот конфликт во земјата.
Саламе изјави дека ОН работат на спречување на ескалација на кризата во Либија.