Американската Влада ќе ја продолжи истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на денешната посета на Унгарија.
– Америка не прикрива убиство – истакна Помпео, додавајќи дека САД ќе преземат повеќе акции за да се казнат одговорните за смртта на Кашоги.
Саудискиот новинар беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври минатата година. По првичното демантирање на неговата смрт, Саудиска Арабија потврди дека нејзини агенти го убиле, но отфрли дека нејзини високи државни претставници се одговорни за убиството.