САД наскоро на Северна Кореја ќе и претстават временска рамка, која ќе содржи специфични барања, по историскиот самит меѓу Доналд Трамп и Ким Џонг-ун, изјави неименуван американски претставник на одбраната.
Официјалното лице, кое се обратило на мала група новинари пред заминување на турнеја низ Азија на министерот за одбрана Џејмс Матис, не прецизираше детали, но рече дека временскиот рок ќе биде доволно мал за јасно да го означи нивото на ангажирање на Пјонгјанг
-Наскоро ќе знаеме дали тие ќе дејствуваат со добра намера или не- изјави претставникот на одбраната, кој побара да биде анонимен.
Ќе има специфични барања и специфични временски рокови кога ќе им го претставиме на Севернокорејците нашиот концепт на спроведување на договорот од самитот.
Матис во текот на еднонеделната турнеја ќе ги посети Кина, Јужна Кореја и Јапонија.