Најмалку 50 луѓе загинаа во ураганот Aјда, кој го погоди североисточниот дел на САД, додека голем број луѓе се уште се водат како исчезнати. Папата Франциск ги повика оние што се погодени од катастрофата да бидат силни.
Во Њујорк се потврдени 17 смртни случаи, четири во Вестчестер, а останатите во градот Њујорк, каде речиси сите жртви беа заробени во илегални подрумски станови, изјави портпаролот на гувернерката, Кети Хочул, пренесе „Ројтерс“.
Во Њу Џерси, се потврдени 27 смртни случаи во невремето, а четири лица се водат како исчезнати, изјави портпаролот на гувернерот Фил Марфи. Бројот на жртви во Луизијана се искачи на 12 и се стравува дека може да има повеќе, изјави гувернерот на таа федерална држава, Џон Бел Едвардс.
Луизијана беше првата што ја погоди Ида и повеќе од милион жители останаа без електрична енергија, а некои и денес ја немаат. Бел Едвардс објасни дека многумина сега се потпираат на генератори и дека 12 луѓе починале од труење со јаглерод моноксид поради употреба на генератори. Двајца корисници на дом за стари лица загинаа кога ураганот го уништи складиштето каде беа евакуирани, па истрагата е во тек, соопштија властите.
Папата Франциск упати сочувство до жртвите на неговата неделна миса на плоштадот Свети Петар.
– Господ нека ги поздрави душите на загинатите и нека им даде сила на оние што страдаат од оваа несреќа – рече папата.