Вселенскиот ешалон за противракетна одбрана што го подготвува САД не може да се спротивстави на суперсоничниот руски ракетен комплекс „Авангард“, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Создавањето вселенски ешалони за пресретнување во САД е апсолутно бесмислено во борбата против комплексот Авангард. Планираната крстосувачка единица ќе ги пронаоѓа под минималната висина за пресретнување сите можни интератмосферски пресретнувачи на противоздушната одбрана – пишува „Росијска Газета“ пренесувајќи изјави на воени експерти од рускиот генералштаб и Министерството за одбрана.
Според нив, пресретнување ќе им биде оневозможено и на идните вселенски пресретнувачи и противракетни комплекси со статични и бродски бази.
Авторите на материјалот нагласија дека ракетите „Авангард“ кои се лансирани од Русија, нема да влегуваат во зоната на пресретнување на американската противракетна одбрана која патролира долж границата на земјата.
– Планираниот крстосувачки блок кој може да издржи огромни температури и кој се движи во атмосферата по непредвидлива патека, ќе биде речиси недопирлива цел за авијациските ласери на противракетната одбрана – додадоа експертите.