Амбасадата на САД во Виена издаде предупредување до американските граѓани поради опасност од тероризам во Австрија во периодот пред Божиќ.
Врз основа на постоечките закани од страна на меѓународните терористички организации и поединци треба да се биде внимателен, се посочува во соопштението на Американската амбасада.
При тоа се додава дека посебно загрозени се местата каде се собираат туристите, трговските центри, аеродромите, клубовите, рестораните, црквите и друго.
Австриската служба за борба против тероризмот (БВТ) негира дека постои конкретна терористичка закана.
Австрија пред три години ги зајакна безбедносните мерки поради опасност од тероризам, по терористичките напади во Европа.
Пред божиќните базари поставени се бетонски бариери со кои се спречуваат напади во автомобили.