Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ќе отпатува во Русија каде ќе престојува од 12 до 14 мај и ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, соопшти Стејт департментот.
– Тие ќе разговараат за билатералните и мултилатералните предизвици – се наведува во соопштението.
Иако американскиот претседател Доналд Трамп се залага за блиски врски меѓу двете земји, средбата на Помпео со Путин и Лавров доаѓа во момент кога двете светски сили се во затегнати односи за низа прашања кои ги вклучуваат Венецуела, Сирија и наводите за руската вмешаност во американските избори за претседател што се одржаа во 2016 година.