САД нема да користат сила за да испорачаат хуманитарна помош за Венецуела, изјави Елиот Абрамс, специјален претставник на американскиот претседател Доналд Трамп.
Минатиот месец сили на претседателот Николас Мадуро блокираа хуманитарни конвои на границата.
– Владата на САД нагласи дека ние нема да користиме сила за да ја испорачаме таа хуманитарна помош, а истото го соопшти и колумбиската влада така што очигледно се согласуваме за тој став и нема да учествуваме во акции што се спротивни на тој став – изјави Абрамс на прес конференција.