Во светот годишно се собира околу 2 милијарди тони тврд отпад, односно количина доволна за да наполни преку 800.000 олимписки базени.
Најголеми загадувачи по глава на жител се САД. Статистиката покажува дека во просек Американците фрлаат трипати повеќе ѓубре (вклучително храна и пластика) од остатокот од светот.
Кога се работи за рециклирање, Америка повторно заостанува зад други земји, односно во земјата се реупотребува само 35% од тврдиот отпаден материјал.
Германија се покажала како најефикасна во рециклирање, со 68%.
Истражувањето е спроведено од страна на компанијата „Вериск Мејплкрофт“, истражувачка фирма која специјализира во областа на глобалните ризици.
За истражувањето, фирмата користела јавно достапни податоци и академски истражувања за да создадат глобалната слика за она како земјите се снаоѓаат со еколошките кризи, примарно предизвикани од платичен отпад.
Во светот годишно се фрлаат 2,1 тони тврд отпаден материјал, од кои само 16% може да се рециклира, додека пак 46% е неодржлив отпад.