САД би можеле да воведат санкции за руско-германскиот гасовод „Северен поток 2“, изјави денеска американскиот министер за енергетика Рик Пери, кој е во посета на Москва.
-Да, за вашето прво прашање и за второто, рече Пери на новинарско прашање дали се можни санкции за „Северен поток 2“ и дали се планираат нови санкции за рускиот енергетски сектор.
Источноевропските земји и САД се противат на гасоводот тврдејќи дека тој ќе ја зголеми енергетската зависност на Европа од Русија. САД, исто така, сакаат да продаваат повеќе од својот течен гас во Европа.
Пери рече дека САД не сакаат да воведат санкции и наведе дека тие не се подготвени.